Забранета содржина, производи и услуги

by Tamara M.

Native Media е одлична платформа за секаков вид рекламирање. Сепак, постојат мали, разумни ограничувања, коишто ги бараме од нашите огласувачи.

На нашата платформа е забрането следново:

  • Промовирање порнографија и содржина за возрасни.
  • Злонамерни кодови, малициозен софтвер, вируси
  • Продажба на лекови! Дозволени се додатоци за слободна продажба.
  • Промовирање коцкање, алкохол и тутун.
  • Навреди на расна, верска и национална основа, како и каков било говор на омраза.
  • Автоматско преземање на софтвер.
  • Лажни вируси, т.н. „предупредувања за скенирање“ или „известувања за техничка поддршка“
  • Маркетинг материјали заштитени со авторско право.

Операторите на платформата Native Media го задржуваат правото да одбијат несоодветна содржина. Имајте во предвид дека вашите кампањи се прегледуваат пред одобрување, за да бидеме сигурни дека ниту една од овие политики не е повредена. Го задржуваме правото да одбиеме да емитуваме кампања во случај таа да прекрши некое од горенаведените правила.

Огласувачот ќе биде известен преку е-пошта ако нивната кампања не ги исполнува наведените барања за рекламирање.

Ако рекламата е одобрена, а огласувачот последователно ја измени со внесување забранета содржина, неговата сметка може да биде суспендирана или раскината.