Како го надополнувате вашиот буџет преку банкарска сметка и Wire трансфер?

by Tamara M.

Отворивте сметка на платформата Native Media. Пред да можете да ja создадете вашата прва кампања, мора да го надополните вашиот буџет за рекламирање. Имате четири методи преку кои можете да го направите ова:

  • банкарска сметка
  • PayPal
  • Stripe
  • Coin (БТК)

Ако ви одговара да платите преку банкарска сметка, можете да го направите следново:

Испратете ни е-пошта на [email protected] и пишете ни дека сакате да го надополните вашиот рекламен кредит. Можете да ни испратите пошта и како индивидуа и како компанија. Од податоци, ни требаат:

  • Вашите податоци или податоците на компанијата
  • Вашето корисничко име на платформата Native Media
  • Износот на буџетот што сакате да го платите

Нашите оператори ќе ви испратат фактура со податоци за плаќање: име на компанијата/индивидуата, број на банкарска сметка, итн.

Откако ќе ја платите сумата за рекламирање, ќе треба да почекате да биде објавена уплатата. Колку ќе чекате зависи само од ажурираноста на вашата банка. Некои банки исплаќаат веднаш, додека други чекаат неколку часа, но вообичаено, не подолго од 24 часа.

Плаќање преку Wire трансфер

Можете исто така да платите за рекламниот кредит преку Wireтрансфер. Без разлика дали имате компанија или сте индивидуа.

Испратете ни барање на [email protected] во кое ќе доставите:

  • Вашите податоци или податоците на компанијата
  • Вашето корисничко име на платформата Native Media
  • Износот на буџетот што сакате да го платите

Потоа ние ќе ви испратиме фактура со детали за плаќањето, исто така по е-пошта.

Со оваа информација, треба да ги префрлите парите на нашата банкарска сметка. Кога парите ќе бидат објавени, тие ќе бидат достапни на вашата сметка и ќе можете да ја креирате вашата прва кампања.