Како да ги следам конверзиите?

by Tamara M.

Конверзијата е всушност моментот во кој корисникот ќе го преземе посакуваното дејство! Односно, активиравте кампања за продажба на производ што го промовирате. Секој пат кога некој ќе го купи тој производ, тој прави конверзија. Затоа, нашите огласувачи исто така сакаат да го следите бројот на конверзии на нивните кампањи.

Конверзиите може да се следат преку макро командите!

За да следите макро команди, потребно е да користите одредени платформи. Некои од платформите што се користат за следење се RedTrack, BeMob, Voluum, Binom… Имајте во предвид дека овие платформи не се бесплатни.

На вас е да изберете која платформа ви одговара. Претпочитаме да го предложиме Redtrack, кој е меѓу најприфатливит, а исто така тие нудат и 14-дневен бесплатен пробен период.

Платформата Native Media ги поддржува следниве макро наредби:

• {CAMPAIGN_ID}

• {USER_IP}

• {COUNTRY}

• {DOMAIN_ID}

• {DOMAIN_ENC}

• {PUBLISHER_ID}

• {PLACEMENT_ID}

• {CLICK_ID}

• {CLICK_COST}

Можете сами да го видете списокот во Чекор 1 додека ја креирате или ажурирате вашата кампања со лебдење на курсорот над прашалникот до натписот САЈТ ЗА ПРОМОЦИЈА.

Најкорисните макроа се {PUBLISHER_ID} и {DOMAIN_ID}. Овие команди ви овозможуваат да видите кои издавачи имале најмногу конверзии. Со нашата опција Сообраќаен филтер, можете да ги поставите вашите кампањи да ги прикажуваат само на издавачи со многу конверзии.

Еве како да го поставите тоа

На платформата за следење на конверзијата (веќе споменати RedTrack, BeMob, Volume, Binom, итн.) можете да ја дознаете идентификацијата на секој издавач на мрежата Native Media. Исто така, ќе видите и кои сајтови / блогови / портали имаат најголем процент на конверзија.

Најавете се на вашиот профил на Native Media, изберете ја саканата кампања и кликнете ОГЛАСИ / КРЕИРАЈ.

На Чекор 1 ќе ја забележите опцијата Сообраќаен филтер.

Имате три опции тука:

  • Да ја оставете кампањата без филтри
  • Да изберете Црната листа
  • Или да ја изберете Белата листа

На пример: изберете Белата листа. Во нејзе, внесете ги ID на издавачите со најмногу конверзии.

ID-броевите можете да ги превземете на платформата за следење на конверзијата. Додадете ги ID броевите на Белата листа така што ќе ги запишете во полето ИД листа и секој ИД (ID) број ќе го одделете со запирка. На крајот, потврдете сè на UPDATE.

На овој начин, ја поставивте вашата кампања да се појавува само на сајтовите и страниците на издавачите на Белата листа. Ова е дличен начин да добиете што е можно повеќе конверзии.

На истиот начин можете да креирате и црна листа. Значи, на платформата за следење на конверзијата, видете кои издавачи не се ефикасни за вас и ставете ги на црната листа. Ако изберете црна листа за време на филтрирањето на сообраќајот, вашите кампањи ќе се појават на сите издавачи, со исклучок на оние на црната листа.

Забелешка

Немојте да го филтрирате сообраќајот веднаш штом започнете со кампања. Почекајте најмалку две недели за да добиете реална слика кога станува збор за конверзиите. Ако премногу рано го филтрирате сообраќајот, може да ви се случи, да речеме, на Белата листа додадете сајтови коишто подоцна нема да ви донесат некои посебно добри резултати.