Како да го сменам начинот на исплаќање?

by Tamara M.

Може да го промените начинот на исплаќање во било кое време.

Најавете се на вашиот Native Media профил, и од менито од левата страна изберете ИСПЛАТА / НАЧИН НА ИСПЛАТА. Ќе ви се отвори прозорец во којшто можете да го промените начинот на исплаќање.

Потребно е да внесете и нови податоци. Ако повлекувате пари на една од платформите за трансфер на пари, морате да ја внесете и вашата е-маил адреса со којашто го имате отворено профилот на таа платформа. Ако повлечете пари на банкарска сметка, ќе треба да внесете одредени податоци како што се: број на сметка, име на банка и слично.

По потврдувањето на промените, поставувањето е завршено. Следниот пат кога ќе поднесете барање за плаќање, парите ќе ви бидат исплатени со новиот метод што го поставивте на вашиот профил.

За исплата на вашата заработка, ние ги нудиме следниве методи:

  • PayPal – минималниот износ на уплатата е 35 евра
  • Skrill – минималниот износ на уплатата е 35 евра
  • Payoneer – минималниот износ на уплатата е 50 евра
  • Сметка во банка – минималниот износ што треба да се исплати е 150 евра.