Како да поставам таргетирање по локација?

by Tamara M.

Можете да ја дефинирате локацијата каде ќе се одвива вашата рекламна кампања за време на креирањето на самата кампања. И тоа во Чекор 2 – Локација.

На левата страна се наоѓа списокот со земји. Пронајдете ја саканата локација, обележете ја со кликнување на глувчето и потоа кликнете на стрелката што покажува надесно. Посакуваната земја ќе се префрли на десното поле, потврдете на UPDATE и завршивте со таргетирањето (насочувањето) на локацијата.

Ако сте ја погрешиле државата, едноставно вратете ја постапката. Кликнете на погрешната локација во десното поле, а потоа на стрелката насочена кон лево. Потоа пронајдете ја посакуваната земја, означете ја со кликнување на глувчето, потоа кликнете повторно на стрелката надесно и посакуваната локација повторно ќе се префрли на десното поле.

Потврдете ги сите промени на UPDATE!

Што ако сакам да ги таргетирам Балканците што живеат во дијаспората?

Нашите Балканци коишто живеат во дијаспората се многу привлечна публика за промоција на производи. Не мора да се мачите да барате некој да ја преведе вашата страница на странски јазик, а сепак имате публика со нешто подобра моќ за плаќање.

Но, како може да се претстави кампањата пред нашиот народ?

Да речеме дека сакате да ги таргетирате Србите што живеат во Германија! За да започнете, наведете ја Германија како ваша локација. Потоа на Чекор 6 – Јазици означете српски јазик. За да имате поголем дострел на публика, ви предлагаме да обележите и хрватски, српско-хрватски и босански јазик.

Потврдете на UPDATE!

Ние соработуваме со најголемите портали што ги интересираат Балканците од дијаспората, па вашите кампањи ќе бидат прикажанитокму на такви страници.

Во кои земји е најдобро да се водат/прикажуваат кампањите?

Логично е да сакате да ги промовирате вашите производи и услуги во земјите кои се покажаа како најпрофитабилни и имаат најголем сообраќај. Меѓу ТОП 5 локации со најголем сообраќај се:

  • Србија
  • Македонија
  • Босна
  • Хрватска
  • Германија

Најпрофитабилни се западните земји како Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска, Норвешка итн. За релативно малку пари, можно е да се постигне соодветна публика.