Како да станете издавач на Native Media?

by Tamara M.

За да станете издавач на Native Media и на тој начин заработете пари од посетеноста на вашиот сајт, најпрво треба да се регистрирате се со кликнување на овој линк.

Ќе ви се отвори формулар во кој ќе ги внесете вашите податоци. Сите полиња обележани со ѕвездичка (*) мора да бидат пополнети.

Во делот ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЛОГОТ ќе напишете:

  • Корисничко име
  • Лозинка
  • Повторете ја лозинката
  • Вид на акаунт (профил)–вам ќе ви биде автоматски понудено ИЗДАВАЧИ.

Во делот ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ одат неколку ваши податоци:

  • Име и презиме
    • Адреса
    • Телефонски број
    • Е-пошта (е-маил)
    • Држава

Ви останува само да вметнете линк до вашиот сајт / блог / портал и, по желба, да вметнете и лого.

Конечно кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ! На маилот кошто го дадовте во формуларот ќе ви стигне линк за активирање. Кликнете на него, најавете се на платформата и процесот на регистрација е официјално завршен.

Сега поврзете ја вашата страница со Native Media

Кога ќе се најавете на вашиот профил, изберете ја опцијата САЈТОВИ / ADD SITE од менито од левата страна. Ќе ви се отвори прозорец во кој треба да ги внесете следниве информации:

  • Означете ја категоријата на вашата страница (сајт): животен стил (lifestyle), разновидност и забава, филм и ТВ, готвење и исхрана, убавина и здравје, портали за вести, спорт и фитнес.
    • Јазик
    • Врска до вашиот сајт
    • Наслов – опционално
    • Опис – опционално
    • Лого – опционално

На крајот, кликнете ПОТВРДИ. Дозволено е додавање на повеќе страници (сајтови), за да можете да го повторувате процесот онолку пати колку што сакате.

Потоа, вратете се на менито лево и изберете ја опцијата ВИЏЕТИ / НАПРАВИТЕ ВИЏЕТ.

Ќе ви се отвори нов прозорец со формулар во којшто треба да потполнете:

  • Полињата ЗАГЛАВИЕ и ТИП се поставуваат автоматски.
    • Во полето ТАРГЕТЕН САЈТ, од паѓачкото мени изберете го посакуваниот сајт што го додадовте во првиот чекор.
    • Во полето ФОРМАТ, од паѓачкото мени изберете TEXT + PICTURE
    • На крајот,чекирајтеRESPONSIVE ОГЛАСИ за да се вклопат банерите во вашиот сајт, а потоа потврдете сè на НАПРАВЕТЕ ВИЏЕТ.

На крајот ќе го добиете кодот (т.е. JavaScript) што треба да го поставите на вашиот сајт.

За да вметнете код на вашата страница, ви требаат одредени додатоци или приклучоци (pluginѕ). За WordPress се користи Ad Inserter. По инсталацијата, ќе ви биде понуден посебен прозорец во којшто ќе го внесете овој линк и со тоа сте завршиле со поврзувањето на вашиот сајт и профилот на Native Media.

Постапката подетално ја објаснивме во текстовите:

Ви останува само да го поправите дизајнот на банерот.

Вратете се на вашиот Native Media профил во опцијата АЖУРИРАЊЕ НА ВИЏЕТИТЕ.

Исто така е важно ида го прилагодите изгледот на виџетот. Нашиот предлог е 2 × 2 (два банери во горниот и два во долниот ред), но вие можете да изберете по ваша желба во согласност со дизајнот на сајтот.

Изберете и кои димензии на банерот сакате да ги прикажете. Ние нудиме поголем (287 × 162) и помал банер (140 140).

Позицијата на сликата е исто така важен фактор и често влијае на бројот на кликови. Одредете и изменете дали сакате банерите да се појавуваат на врвот на вашиот сајт, во средината на текстот, на долниот дел итн. Наш предлог е банерите да бидат на дното на сајтот. Така тој е ефикасен и нема да им пречи на читателите со кршење на нивниот текст. Само што ќе завршат со читање на еден текст, тие ќе видат банер и ќе сакаат да се префрлат на читање на друг со кликнување на огласот.

Ако сакате, можете да прилагодите и некои од финесите на банерот, како што се боја, рамка и слично. На крајот, потврдете сè на АЖУРИРАЊЕ НА ВИЏЕТОТ и проверете дали банерите се појавиле на вашиот сајт.