Како да ја повлечам мојата заработка преку Payoneer?

by Tamara M.

Payoneer е најдобриот и најбрзиот начин за преземање на заработката од Native Media. Нема никакви трошоци за трансакцијата, ниту за испраќачот ниту за примачот.

Сè е многу едноставно!

Најавете се на вашиот Native Media профил. Од менито од левата страна, изберете ИСПЛАТА / ПОДНЕСИ БАРАЊЕ.

Во следниот прозорец, изберете Payoneer како начин (метода) на плаќање и внесете ја вашата Payoneer е-маил адреса подолу. На крајот, кликнете на синото поле ПОТВРДИ.

Вашата заработка ќе биде префрлена на Payoneer првиот следен вторник. Апликациите мора да се достават најдоцна до понеделник на полноќ. Доколку поднесете барање за плаќање во вторник, парите ќе ви бидат исплатени во рок од седум дена, односно следниот вторник.