Како да ја прегледам статистиката за кампањата?

by Tamara M.

Познавањето и внимателното следење на статистиката е половина од работата кога станува збор за рекламирање во дигиталниот маркетинг! Затоа, анализирајте ги вашите извештаи на дневна основа, за да бидете сигурни дека вашите кампањи се одвиваат добро.

Можете да ја проверите статистиката на следниов начин:

Веднаш штом ќе се најавите на вашиот профил, ќе се отвори „брз“ преглед каде што можете да видите некои основни информации.

Ќе ви се отвори табела каде што можете да го видите статусот за тековниот ден:

  • CPM Impressions (впечатоци) – колку пати се прегледани вашите кампањи.
  • CPC Clicks – колку корисници кликнале на вашите реклами.
  • CTR (click-through rate – стапка на преглед) – процентот на корисници кои кликнале на рекламите во однос на вкупниот број на впечатоци (или т.н. Impressions).
  • CPC Spent – потрошувачка во евра.

Подетална анализа можете да видите со кликнување на ОГЛАСИ / ИЗВЕШТАЈ од менито од лево:

Ќе ви се отвори прозорец со подетални извештаи, каде што ќе треба да поставите одредени параметри, во зависност од тоа која статистика сакате да ја видите. Поставувањата сè во паѓачките менија на горниот дел од прозорецот.

  • Првото опаѓачко мени – наведете го периодот за кој ја проверувате статистиката: денес, вчера, последните 14 дена, последните 30 дена.
  • На второто и третото не треба да се прилагодува ништо.
  • На четвртиот можете да изберете дали сакате да ги прегледувате сите кампањи, само активните, паузираните кампањи итн.

Кога ќе завршите со поставувањето, кликнете на зелениот копче IDI и платформата ќе ви ги даде потребните статистички податоци. Ќе добиете статистика за секоја кампања поединечно.

Термините на горниот дел од табелата го означуваат следново:

  • ID – е идентификационен број на кампањата доделен од страна на платформата.
  • Име – внатрешно име на вашата кампања што го внесовте во Чекор 1 кога ја создадовте.
  • Adtype – нашата платформа нуди само CPC видови на рекламирање (плаќајње по кликнување) така што оваа ознака е секогаш иста.
  • Тип – нашата платформа има еден вид рекламирање, а тоа е текст + слика, така што оваа ознака е иста за сите.
  • Статус – покажува дали рекламата е активна, неактивна или паузирана.
  • Прегледи – Колку пати е прикажана вашата кампања.
  • Кликови – Колку пати некој кликнал на вашата кампања.
  • CTR – како што споменавме во претходниот дел од текстов, ова е процентот на корисници коишто кликнале на рекламите во однос на бројот на прегледи. На пример, ако е кликнато на реклама 30 пати од 1000 прегледи, CTR е 0,30%.
  • Потрошени – колку пари потрошивте во наведениот период на вашата кампања.

Извештајот исто така можете да го погледнете со кликнување на малиот зелен графикон кој се наога на крајот од табелата во насока на секоја кампања. Во делот ЦЕЛОСЕН, ќе го видите извештајот за целиот тековен месец.

Во делот ВРЕМЕНСКИ, можете да го прегледате извештајот по денови за тековниот месец.