Како да ја проверам заработката за секој сајт одделно?

by Tamara M.

На вашиот Native Media профилимате увид во целосната статистика. Овде можете да ја проверите и заработката за секој сајт поединечно.

Најавете се на вашиот Native Media профил и од менито од левата страна кликнете на САЈТОВИ / ИЗВЕШТАЈ.

Ќе ви се отвори список со вашите сајтови со целосната статистика, вклучувајќи ја и заработката. Во паѓачкото мени под натписот ИЗВЕШТАЈ НА ВЕБ-СТРАНИЦИТЕ, изберете го периодот за којшто сакате да го прегледате извештајот: денес, 14 дена, 30 дена итн. На крајот, само кликнете на зеленото поле ОДИ. Можете да ги видите деталните статистички податоци со кликнување на зелениот графикон, од крајната десна страна.