Рекламите не ми се прикажуваат на сајтот! Што да направам?

by Tamara M.

Ако рекламите не се појавуваат на вашиот сајт, прво проверете дали правилно го имате внесено кодот од вашиот Native Media профил.

Доколку сте 100% сигурни дека правилно сте ја завршиле целата постапка, контактирајте не на [email protected] или на нашата Native Media страница на Фејсбук. Ве молиме, доставете ни ги и следниве информации во пораката:

  • Кој интернет пребарувач го користите
  • На кој уред работите и кој оперативен систем го имате
  • Од која земја се обидувате да гледате реклами
  • Каде и кога ги поставувате кодовите
  • Дали имате направено некои измени во кодот
  • Кога рекламите престанаа да се прикажуваат и дали тие воопшто се прикажувале