Зошто ми е одбиено барањето за исплаќање?

Во ретки случаи, се случува барањето за исплаќање да биде одбиено, а причините главно се поврзани со платформата PayPal или неправилно ги имате внесено податоците во вашиот профил.

Проблем со PayPal

Доколку штотуку отворивте сметка на PayPal, може да се случи парите да не бидат префрлени на вашата сметка. Затоа, проверете дали сте ги пополниле правилно сите потребни информации на вашата сметка на PayPal.

Оваа платформа за трансфер на пари понекогаш бара од новите корисници дополнителни информации, како што се лични податоци, броеви на сметки, разни верификации и слично, се со цел да се заштитат себе си и своите корисници од разни измами. Ако не сте се придржувале на сè што се бараат од вас, парите што ќе ги повлечете од Ад Нативиа нема да бидат префрлени на вашиот PayPal.

Затоа, доколку се наоѓате во ваква ситуација, проверете дали сте ги внеле сите потребни информации на вашата сметка. Доколку се чини дека сè е во ред, пишете и на PayPal корисничката подршка.

Што се однесува до парите што ги заработивте, без грижи! Парите ќе бидат вратени на вашиот профил на Native Media и кога ќе го решите проблемот со PayPal, ќе можете повторно да аплицирате за исплата. Како последно средство, можете да изберете друг метод за подигање на парите. Сè ќе ви биде исплатено на првиот следен вторник.

Проблем со банката

Ако сте поднеле барање за исплаќање на банкарска сметка, а не сте ги добиле парите, имајте на ум дека на банките понекогаш им требаат до 2-3 дена да ги завршат трансакциите. Ако вашата сметка вели дека „е одбиено“, тогаш веројатно имате внесено погрешен број на сметката.

Ве советуваме да бидете многу внимателни кога внесувате детали за исплаќање на вашата банкарска сметка. Препорачливо е да ги проверите внесените податоци најмалку двапати.

Доколку имате внесено погрешен број на сметка, изменете го и повторно испратете го вашето барање.