Зошто не се прикажува мојата кампања, односно зошто нема сообраќај?

Понекогаш се случува вашата кампања едноставно да нема сообраќај, иако уредно сте пополниле сè. Овој проблем обично се појавува кај новите огласувачи, кои сè уште не научиле целосно како работи платформата.

Кампањата не се одвива најчесто од две причини:

  • Цената на вашиот клик е прениска.
  • Ставивте премногу филтри и драстично ја стеснивте вашата публика.

Двата проблеми лесно се решаваат. Еве како:

Ако проблемот е цената на кликот…

Секој огласувач има право да стави цена на клик што му одговара. Меѓутоа, ако цената на еден клик е прениска, другите огласувачи коишто ставаат повисока цена ќе имаат предност. Исто така, ќе се случи вашата реклама да се прикаже, но да има многу малку сообраќај.

Но, која цена на клик треба да се стави?

Почетниците можат да го видат нашиот ценовник со предложените цени со кликнување на овој линк. Како што можете да видите, цените варираат од држава до држава.

За почеток, внесете малку повисока цена од предложената, а потоа тестирајте. Оптимизацијата ја правите со намалување / зголемување на цената за 5-10% на дневна основа.

На пример: Предложената цена за клик за Македонија е 2,5 центи (0,025 евра). Започнете со 3 центи (0,03 евра). Намалете го на 2,7 (0,027 евра) следниот ден. Ако сакате да ја намалите цената уште повеќе, спуштете ја на 0,025 следниот ден, итн.

Повторете го процесот, сè додека не ја пронајдете оптималната цена. На тој начин, ќе знаете која цена на клик одговара на вашите потреби, а што пак ќе ви овозможи рекламата да се прикаже уредно.

Ако проблемот е во насочувањето (таргетирањето)…

Вашата реклама нема да се прикаже и ако имате ставено премногу филтри. Ова значи дека премногу сте ја стесниле публиката, што резултира со тоа рекламата да е скоро непостоечка.

Овој проблем исто така најмногу им се случува на новите огласувачи. Значи, ако само што започнувате да ја користите платформата Ад Нативиа, користете само основни филтри.

Поточно, насочете ја само локацијата каде што ќе се појави вашиот оглас. Ако вашата целна група се Балканците коишто живеат во дијаспора, можете да наведете и јазици.

Користете ги другите филтри постепено и тестирајте што може и што не може да помине.

Ви стоиме на располагање!

Доколку имате проблем што не можете да го решите, пишете ни слободно на [email protected] каде што претежно сме достапни нон-стоп. Некој наш колега ќе ви одговори што е можно поскоро и ќе ви помогне да го решите кој било проблем.