Како да ги уредам кампањите?

Кога треба да исправите нешто во вашата кампања, тоа можете да го сторите преку опцијата УРЕДУВАЊЕ.

Најавете се на вашиот профил, одете во менито од лево и изберете АЖУРИРАЈ ГО ОГЛАСОТ! На вашиот профил ќе се појави список со сите ваши кампањи. Побарајте ја онаа кампања што сакате да ја уредите.

Десно, покрај секоја кампања, имате можност за уредување.

Со кликнување на оваа опција ќе ви се отвори вашата кампања и ќе можете да изменете било кои податоци во неа.

Ако ги промените вашите филтри, таргетирање, буџетот и цената за кликнување, по промената што ја сакате, кликнете на синото поле UPDATE или ПОТВРДИ и вашите промени ќе бидат зачувани и вашата кампања ќе продолжи да работи нормално!

Меѓутоа, ако уредувате податоци за Чекор 1 – Содржина на огласот (слики, URL, наслов…) ќе треба да почекате за да се корегира. Односно, кампањата нема да работи сè додека нашите оператори не ја одобрат кампањата. Одобрувањето на кампањата се врши што е можно поскоро, најдоцна во рок од 24 часа.

Го сменивте вашата цена за кликнување, а платформата ве известува дека немате доволно буџет за вашата кампања, иако на вашиот профил стои дека ја имате сумата што ви треба за рекламирање!

Овој проблем се појавува од следната причина:

На пример, уплативте 100 евра на вашиот профил. Имате само една кампања во која сте вложиле повеќе од половина од тие пари, да речеме 70 евра.

Потоа, одлучивте, да речеме, да ја зголемите цената на кликнување на истата кампања и не можете да ги потврдите промените бидејќи платформата ве известува со следново известување:

Во тој момент, платформата сè уште не регистрира дека вие менувате постоечка кампања, но сфаќа дека имате една од 70 евра и дека сакате да формирате друга од 70 евра. Бидејќи вашиот буџет вкупно е 100 евра, платформата ви дава известување дека немате доволно пари.

Како да го решете овој проблем?

Прво, откажете го буџетот за вашата кампања со кликнување на опцијата ОТКАЖУВАЊЕ. Потоа, потврдете сè на UPDATE.

Потоа, освежете ја страницата, преку опцијата RELOAD PAGE.

Сега вратете се на Чекор 7 и повторно внесете ја цената и буџетот. На крајот, потврдете на UPDATE и вашата кампања ќе се среди.