Како да ги филтрирате сaјтовите со полоши резултати?

Сајтовите на некои издавачи што ги прикажуваат вашите кампањи се поуспешни од другите и ќе ви донесат многу конверзии. Додека пак, другите се нешто послаби.

Се разбира, многу огласувачи сакаат нивните кампањи да се појавуваат на страници со најдобри резултати. Ова можете сами да го поставите со создавање на Црно-бела листа преку опцијата за Сообраќаен филтер, која се наоѓа на чекор 1 во креирање / ажурирање на кампањата.

За да формирате списоци, прво мора да знаете кои страници имаат повеќе конверзии, а кои помалку. За ова ќе ви требаат некои од платформите за следење на конверзијата, како што е Redtrack.

Во нашиот текст Како да ги следите конверзиите преку RedTrack, објаснивме како да ја поврзете платформата Ад Нативиа со RedTrack и како можете да видите кои издавачи / портали ви донеле најмногу конверзии.

Само кога знаете кои издавачи се успешни, а кои не, можете да ја користите опцијата Сообраќаен филтер.

Како да го филтрирам сообраќајот?

Најавете се на вашиот профил на Ад Нативиа. Во менито од лево, кликнете на ОГЛАСИ / КРЕИРАЈ.

Во чекор 1, ќе ја видите опцијата Сообраќаен филтер, каде што ќе изберете една од трите опции:

  • Без филтер
  • црна листа
  • Бела листа

Изберете ЦРНА ЛИСТА.

Потоа, погледнете во RedTrack за да видите кои ID на домени се најслаби. Тие се обележани во првата колона.

Препишете ги ID броевите во полето ID листа. Одделете го секој ID број со запирка. Конечно, потврдете сè на UPDATE.

Вашата кампања сега нема да се појави на страниците што ги имате внесено на црната листа. Кампањата ќе се прикаже на сите, освен на оние што ги филтриравте.

Предлагаме да не ја користите опцијата Сообраќаен филтер веднаш, туку да почекајте најмалку две недели.