Како да го зголемам бројот на кликовите?

За време на работата, ќе научите на какви кампањи публиката реагира најдобро и ќе знаете на што треба да обрнете внимание при нивното создавање.

Меѓутоа, ако само што започнувате и сè уште го немате посакуваното искуство со рекламирањето, ви предлагаме некои од следниве методи за да го зголемите бројот на кликови:

  • Создадете повеќе реклами за промовирање на ист производ или услуга. Секоја нека има различен тип на слика и друг наслов, за да истестирате што најмногу и одговара на публиката.
  • Проширете го регионот на екранот. Ако промовирате производ во Србија, обидете се да додадете уште, на пример, Црна Гора, Босна или Хрватска на локациите каде ќе се спроведува кампањата.
  • Зголемете ја вашата цена за клик, што ќе ја подобри вашата позиција на платформата и ќе им даде предност на вашите кампањи во однос на другите огласувачи. Како резултат, бројот на кликнувања ќе се зголеми.
  • Не претерувајте со филтрите како категорија, уред и временски ограничувања (чекори 3, 4 и 5 при создавањето на кампања). Ова драстично ќе ја стесни публиката и ќе го намали бројот на кликови. Користете ги овие филтри само ако сте 100% сигурни дека тие придонесуваат за видливоста на вашиот оглас и за таргетирањето на вистинската публика.