Како да додадете Ад Нативиа код на вашиот WordPress веб-сајт?

За да го поврзете вашиот сајт со платформата Ад Нативиа, прво треба да го земете кодот од вашиот профил и да го пренесете на вашиот WordPress сајт.

Може да го преземете кодот така што ќе отидете на вашиот профил и од менито од левата страна ќе ја изберете опцијата ВИЏЕТИ / НАПРАВЕТЕ ВИЏЕТ.

Во процесот на креирање на виџетот, ќе ви биде прикажан и кодот што треба да го преземете и да го поставите на вашиот WordPress веб-сајт.

За да го вметнете кодот на веб-сајтот во WordPress, потребен ви е додаток наречен Ad Inserter. Инсталирајте го во вашиот WordPress.

По инсталацијата и активирањето, одете во менито во WordPress од левата страна, изберете SETTINGS (подесувања) / AD INTERTER. Ќе ви се отвори поле над кое ќе пишува AdBox 1 и овде можете да го залепите вашиот Ад Нативиа код.

Под полето, можете да поставите во кој дел од страницата ќе се прикажуваат рекламите: на насловната страница, во текстовите и слично. Можете исто така да ги прилагодите позициите на рекламите доколку сакате тие да бидат, на пример, на горниот дел од страницата, во средината на текстот итн.

Потврдете сè на SAVE SETTINGS. Сè што треба да направите е да проверите дали вашите реклами се појавиле уредно на вашиот сајт.