Како да се ограничат трошоците за кампањите?

Со цел нашите огласувачи да имаат целосна контрола врз парите што ги користат за рекламирање, воведовме две важни опции:

  • Вкупен буџет
  • Дневен буџет

И двете опции се во Чекор 7 – Цена, и веќе можете да ги наведете за време на креирањето на кампањата. Доколку е потребно, подоцна можете да ги промените пак.

Вкупен буџет

Вие не сте обврзани веднаш да ги користите сите пари што сте ги уплатиле на вашиот профил. Во ВКУПЕН БУЏЕТ, наведете ја сумата што сакате да ја потрошите за рекламирање на кампањата што ја создавате. Минималниот износ за вкупниот буџет е 5 евра.

На пример, можете да уплатите 25 евра на вашиот профил и да создадете пет кампањи, од кои секоја ќе има буџет од 5 евра. Кога ќе се исцрпи вкупниот буџет, вашата кампања ќе престане да работи, но дефинитивно можете повторно да ја активирате доколку сакате.

Дневен буџет

Користете ја опцијата ДНЕВЕН БУЏЕТ за да ги контролирате вашите трошоци на дневна основа. Кампањата ќе трае во текот на целиот ден, сè додека не се потроши дневниот буџет. После тоа, таа ќе застанува и ќе започнува повторно да се прикажува следниот ден. И така сè додека целосно не се потроши вкупната сума што ја издвоивте за вашата кампања.

Минималниот износ за дневниот буџет е 1 евро.

За разлика од вкупниот буџет што мора да се внесе задолжително, дневниот буџет не треба да се одредува, ако не сакате.