Како да ја одредам цената на кликовите?

Ова е најчестото прашање што ги загрижува новите огласувачи. Затоа секогаш им предлагаме да го погледнат нашиот ценовник, пред да ја креираат својата прва кампања. Можете да го видите ценовникот на овој линк. Цените варираат од земја до земја.

Треба да се спомене дека секој огласувач има право да ја стави цената на еден клик што самиот ја сака. Приложениот ценовник е тука само како предлог и како помош за апсолутни почетници во овој вид на рекламирање.

Квалитет на сообраќај – за што служи оваа опција?

Ќе забележите дека на Чекор 7, каде што е внесена цената на кликнување, ја понудивме опцијата КВАЛИТЕТ ЗА СООБРАЌАЈ (Traffic quality).

Имено, ние ги делиме нашите издавачи, односно сопствениците на портали и блогови на кои се прикажуваат вашите кампањи, во три категории: top level(врвно), средно и ниско.

Врвните издавачи вклучуваат портали со поголем број посети, каде што има поголема можност некој да кликне на вашиот оглас. Обично се работи за страници со подобар квалитет на содржина и помалку реклами. Тие што се средни и пониски се со малку послаба содржина и повеќе реклами.

Вие можете да одредите на кои страници сакате да се појавуваат вашите кампањи со чекирање на горниот, средниот или долниот дел а можете и да ги чекирате сите три истовремено. Платформата Ад Нативиа автоматски ќе ви ја понуди само средната, а вие можете да менувате според вашите потреби.

Кога станува збор за цената на еден клик, логично цената на еден клик треба да биде малку повисока за врвните издавачи, додека е најевтина за ниските.

Како да поставам цена на клик за врвен, среден или понизок квалитет на сообраќај?

Понудените цени од нашиот ценовник можете да ги користете за среден квалитет на сообраќајот. За врвен, зголемете ги за 20%, додека за ниските може да ги намалите за 20% од цената за среден квалитет.

Повторно спомнуваме, изборот на цената е ваш личен избор. Без оглед на тоа за која сума ќе се решите, започнете од средната и зголемете / намалете ги горните и долните за 20%.