Како можам да закажам извршување на кампања во одредено време?

Понекогаш огласувачите сакаат нивната кампања да се емитува во одредено време, затоа што, на пример, тие знаат кога нивната целна публика е активна на Интернет и сакаат да им ја претстават својата реклама токму тогаш!

Можете лесно да го одредите времето за прикажување и тоа додека ја креирате самата кампања. Опциите за таргетирање на времето може да се најдат во Чекор 5 – Време.

Платформата автоматски ја доделува опцијата БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ. Ако времето не ви е важно, слободно можете да го прескокнете овој чекор. Во случај да сакате да го поставите времето, постојат три опции:

Филтрирај по датум

Со оваа опција, самите можете да изберете датум или должина на приказот.

Со селектирање на опцијата ОДБЕРЕТЕ ДАТУМ, ќе ви понудат две полиња – СТАРТ и КРАЈ (Start date & End Date). Со кликнување на овие полиња ќе се отвори календар во кој ќе го одредите датумот кога сакате да започне вашата кампања и кога сакате да заврши (на пр., Сакате рекламата да се прикажува од 6 до 10 јуни).

Друга опција е едноставно да го одредите бројот на недели за време на кои ќе се прикажува рекламата. Ви се нуди од една до четири недели. Рекламирањето започнува од датумот на активирање.

Пример: Активиравте кампања и обележавте рекламата да се прикажува 1 недела. Испораката започнува веднаш штом нашите оператори го одобрат огласот (одобрувањето се прави што е можно поскоро, обично истиот ден). Вашата реклама е одобрена на 7 мај во 15 часот, што значи дека ќе трае до 14 мај во 15 часот, кога автоматски ќе се откаже.

Временско филтрирање

Поставете кое време од денот сакате да се прикажува вашата реклама. Како и со датумот, и тука се нудат две решенија.

Првото е да поставите свое време за прикажување со прилагодување од кога и до кога ќе се прикажува вашиот оглас. Во случај да не знаете, АМ е утринскиот, претпладневен период (од полноќ до пладне), а РМ е од пладне до полноќ.

Во втората опција, имате автоматски понудени времиња, па само проверете дали ви одговара некој од овие периоди.

Филтрирање на денот (дневно филтрирање)

Дали сакате вашата кампања да се прикажува само за време на викендите? Или само во работните денови? Или сите денови освен недела? И тоа е можно!

Изберете го опсегот сами!

Или само селектирајте ги деновите во неделата кога сакате да се прикажува вашиот оглас.

Забелешка

Ако целите одредено време, треба да кликнете на синото поле UPDATE откако ќе ги селектирате посакуваните параметри за да ги зачувате промените.

Ако не поставите ништо во ова поле, не треба да потврдувате ништо, само прескокнете го чекор 5.