Кои земји носат најдобри резултати?

Меѓу ТОП 10 најпрофитабилни земји на нашата платформа се:

  • Србија
  • Македонија
  • Босна
  • Хрватска
  • Германија
  • Австрија
  • Црна Гора
  • Словенија
  • Швајцарија
  • САД

Ова се, се разбира, и земјите со најголем сообраќај, затоа ви предлагаме да не ги изоставувате доколку сè уште не знаете која локација да ја наведете за да ги промовирате вашите производи и услуги.

Како да се таргетираат Балканците што живеат во дијаспората?

Нашите луѓе во дијаспората се многу привлечна публика за промоција. Тие живеат во земји коишто имаат поголема куповна моќ, а во исто време го разбираат нашиот јазик, така да не мора да ги преведувате сајтовите за продажба.

На пример, ако сакате да наведете Македонци што живеат во Америка, едноставно обележете ги САД (USA) како локација на Чекор 2 додека ја креирате вашата кампања. Обележете го македонскиот јазик на Чекор 6.

Можете да наведете која било земја во којашто живеат нашите гастарбајтери, и ние секако предлагаме тоа да бидат Германија, Швајцарија, Австрија и Америка, бидејќи тоа се земјите со најголем сообраќај. По нив следуваат Шведска, Австралија, Франција, Италија, Холандија, Велика Британија, Канада и Белгија.

Вашите кампањи ќе се одвиваат на сајтови на издавачи што ги посетуваат нашите луѓе во дијаспората.