Колку реклами можам да поставам на мојот сајт?

Во нашата статија Како да станете издавач за Ad Nativia”, објаснивме дека вие одлучувате каде ќе поставувате реклами на вашата страница, како и колку реклами ќе поставите.

Дозволени се максимум 2 виџети на еден сајт. Еден виџет може да има 9 реклами (огласи). Значи, на еден веб сајт може да се постават најмногу 18 реклами.

Секој издавач сака да има што повеќе реклами, бидејќи е поголема веројатноста некој да кликне на нив. Сепак, ве советуваме да не работите на овој начин!

Сајтовите коишто се пребукирани со реклами ги одбиваат читателите и не им влеваат доверба. Исто така, ова може да резултира во тоа палтформата да почне да гогрупира вашиот сајт во групата сајтови со сообраќај со послаб квалитет, што може да резултира во добивање на пониска цена за клик.

Според нашето досегашно искуство, најдобра се има покажано комбинацијата на виџети од 4 помали реклами (140 × 140) поставени на почетокот на објавата и 6 поголеми реклами (287 × 162) на крајот од текстот.