Кој начин на исплата да го изберам?

Ако за прв пат вадете пари од својот налог како издавач, најверојатно ве интересира најбрзиот и најповолниот начин на исплата. Во следниот текст, ќе ги наведеме сите начини и детали, за да можете сами да одлучите што вам ви одговара.

PayPal

Бидејќи PayPal им наплатува провизија на примателите, ќе ви бидат наплатени трошоците за трансакцијата кога ќе ги повлечете пари од Ад Нативиа на вашата сметка. Трошоците варираат од земја до земја, во зависност од тоа каков тип на сметка на PayPal користите, итн., но вообично е околу 4%. Ад Нативиа не наплатува никаква такса за повлекувањето пари.

За да подигнете пари на вашата сметка во PayPal, треба да заработите минимум 50 евра.

Skrill

За разлика од PayPal, платформата Skrill ги наплатува трансакциските трошоци на испраќачот и тие изнесуваат 3% од вкупната испратена сума. Ад Нативиа ќе ги одземе овие 3% од вкупниот износ што ќе го повлечете на Skrill, за да ги надомести гореспоменатите трошоци.

Значи, ако повлечете 100 евра, 97 евра ќе ви бидат испратени на вашата сметка на Skrill. Надвор од ова, нема дополнителни трошоци.

За да подигнете пари на вашата сметка на Skrill, треба да заработите минимум 50 евра.

Payoneer

Тука неманикакви трошоци и преку Payoneerќе го добиете целиот износ што ќе го подигнете.

За да повлечете пари на вашата сметка на Payoneer, потребно е да заработите минимум 50 евра.

Банкарска сметка

Издавачите коишто подигнуваат пари директно на нивната банкарска сметка, им се наплатува провизија од 3% за износи до 330 евра. Ако износот е поголем, провизијата е фиксна и изнесува 10 евра. Овие трошоци ги зема банката, Ад Нативиа не наплатува никакви такси за повлекување заработка на банкарска сметка.

За да подигнете пари на вашата банкарска сметка, треба да заработите минимум 120 евра.

Како да преземете пари од профилот на Ад Нативиа?

Парите ги повлекувате така што ќе се најавете на вашиот Ад Нативиа профил и од менито од левата страна ќе изберете ИСПЛАТА / ПОДНЕСИ БАРАЊЕ.

Изберете гоначинот за повлекување пари.

За да подигнете пари на Skril, PayPal и Payoneer, треба да ја внесете само е-поштата со која отворивте сметка на овие платформи, додека за да повлечете пари на сметката, треба да внесете уште неколку податоци како што се: име на банка , број на сметка, адреса и слично.