Надополнување на буџетот преку PayPal

Вашиот буџет за рекламирање на платформата Ад Нативиа можете да го дополните на четири начини:

  • Банкарски трансфер
  • PayPal
  • Stripe (картичка)
  • Coin (ВТС – коини)

На вас е да изберете метод кој најмногу ви одговара! Ако сеуште не сте одлучиле, нашата препорака е дефинитивно PayPal.

Се разбира, мора да имате сметка на PayPal за да започнете. Во случај да не ја знаете постапката за отворање сметка, напишавме за тоа во текстот Како да отворите сметка на PayPal?

Како да го надополните буџетот за рекламирање преку PayPal?

Најавете се на вашата сметка на Ад Нативиа. На левата страна, изберете ја опцијата УПЛАТА/ Уплати Кредит.

Ќе ви се отвори образец за уплаќање, каде што треба да изберете PayPal како начин на плаќање.

Во полето подолу, внесете го износот со којшто сакате да го надополните вашиот буџет. Минималниот износ на уплата е 35 евра, без оглед на методот за уплаќање.

Откако ќе внесете, кликнете на полето УПЛАТИ ПРЕКУ PAYPALА. Тогаш ќе ви се отвори вашата сметка на PayPal, каде што ќе ја завршите исплатата.

Предности на плаќање со PayPal сметка

Повеќето од нашите огласувачи најмногу го сакаат овој начин на плаќање.

Платениот буџет е веднаш достапен на вашата сметка, така што веднаш можете да ја креирате вашата прва кампања. Многу е подобар во споредба со плаќањето преку банкарска сметка, каде што е потребно да се почека до 24 часа за да се направи исплатата. Да не зборуваме за плаќање преку сметки од странство, каде што за трансферот се чека два или три дена. Па уште и ако го правете за време на викенд или празник, чекањето за трансакцијата ќе е уште и подолго.