Како да го користете Native Media Ремаркетинг?

Пренасочувањето се користи за да се зголеми конверзијата на рекламните кампањи!

Оваа корисна опција овозможува кампањата повторно да се прикаже на корисник кој веќе имал интеракција со неа. И платформата Native Media им ја нуди оваа опција на своите огласувачи.

Значи, ако некој веќе кликнал на вашата кампања, но сè уште не презел никакво конкретно дејствие (како на пример, да не нарача производ, итн.), пренасочувањето ќе и овозможи на истата таа личност да ја види кампањата уште неколку пати. Затоа што ако корисник комуницира со вашата кампања, тоа значи дека е заинтересиран за производот што го промовирате, иако можеби не го купил веднаш. Ако му ја покажете својата кампања уште два или три пати, најверојатно корисникот на крајот ќе го купи предметниот производ.

Постапка

За да започнете, ставете пиксел за повторно насочување (пренасочување) на виот сајт. За да го направите ова, најавете се на вашиот профил, и изберете ја опцијата ОГЛАСИ / РЕМАРКЕТИНГ.

Со кликнување на Ремаркетинг ќе се отвори нов прозорец во кој ќе ја изберете опцијата ADD SITE. Сместена е во горниот, десен агол.

Потоа ќе се отвори поле во кое ќе вметнете врска до вашата страница и на крајот само кликнете на синото поле ПОТВРДЕТЕ!

Ќе видите дека виот сајт ќе се појави уредно во списокот во опцијата RETARGETING SITES. Во делот ОПЕРАЦИИ, кликнете на зелената икона за да ja креирате таканаречена „листа“. Ќе ви се отвори поле каде што треба да го внесете името на списокот и URL-то на сајтот каде што го промовирате производот.

Можно е да се создадат неколку списоци за еден сајт, што е многу корисно. На овој начин, можете да промовирате повеќе производи од истиот сајт. Креирјате посебна листа за секој производ и така ја пренасочувајте публиката.

Следниот чекор е да ги преземете пикселите за пренасочување (ретаргетирање). Опцијата е исто така во горниот десен агол.

Со кликнување на оваа опција, платформата ќе го извади вашиот пиксел за пренасочување што ќе го вметнете на вашиот сајт. Пикселот се става во заглавието на страницата помеѓу ознаките <head> и </head>.

Процесот на пренасочување не завршува тука!

Штом додадете пиксел на вашиот сајт, нормално можете да креирате кампањи и да ги пуштите да се емитуваат. Кога ја креирате секоја кампања, важно е да ја проверите опцијата ALLOW RETARGETING. Се наоѓа во Чекор 1. По проверката и чекирањето, потврдете ги промените со UPDATE.

Потоа, повторно влезете во истата кампања. Сега, наместо 7, имате 8 чекори во поставките за вашата кампања. Ќе го забележите новиот Чекор 5 – РЕМАРКЕТИНГ. Кликнете на ова поле.

Овде ќе ви се појават списоците што ги направивте на страницата за конфигурација за пренасочување, ќе го обележете списокот со публиката што сакате повторно да ја целите и потоа кликнете на ПОТВРДЕТЕ.

Кога ќе завршите со ажурирањето на вашата кампања, а нашите модератори ќе ја одобрат, па таа ќе започне со емитување и пренасочување.

Ретаргираната кампања ќе биде прикажана на еден ретаргиран корисник до 5 дена, односно ќе има приоритет со прикажувањето пред другите. Таа ќе запре по 5 дена, но дотогаш секако ќе имате нови корисници кои треба да ги пренасочите.